Сликата „Кога ќе се омажиш“, на францускиот сликар Пол Гоген продадена е за 300 милиони долари, со што стана најскапо продадено уметничко дело, јави Би-Би-Си.
Сликата на две девојки од Тахити е насликана во 1892 година и беше сопственост на швајцарски колекционер, а децении беше на позајмица во Кунстмузеј во Базел.
Нема да биде откриен идентитетот на купувачот иако неофицијално Њујорк тајмс тврди дека ја купиле од Музејот во Катар.