„Славење на пирејот“ во Слоештица

Од:

Со 8. традиционална манифестација „Славење на пирејот“ посветена на македонскиот поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М.Андреевски, вечер продолжува Демирхисарско културно лето.

Организаторите за денешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица најавуваат  повеќе културни содржини на неколку локации во Слоештица, родното село на Андреевски.

– Манифестацијата е во знакот на 80-годишнината од раѓањето на великанот. Ќе почне во 18 часот кога звукот на камбаната на црквата „Св. Атанасиј“ во Слоештица ќе ги повика посетителите и почитувачи на Петре М. Андреевски. Честа на „беседење“ за Петре, овојпат им припадна на членовите на „МакеДокс“ фестивалот на креативен документарен филм кои годинава ја одбраа Слоештица и уметничкото гумно за седиште од каде што го реализираат својот проект „Патувачко кино“, велат од локалната самоуправа.

Во рамките на годинешната програма и демирхисарското културно лето, доцна попладне на мостот „Бела Река“, ќе биде откриена скулптура на истакнатиот македонски режисер Владо Цветановски, а чиј автор и донатор е скулпторот Жарко Башески.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска