Скулптура на штипјанецот Никола Смилков дел од уметничкото биенале на Зимските олимписки игри во Пекинг

Од:

Скулптурата „Копнеж“ на познатиот македонски скулптор и универзитетски професор Никола Смилков ќе биде изложена на Интернационалното уметничко биенале, кое е дел од културните активности на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг.

Смилков за МИА вели дека неговото дело е селектирано за учество на престижното 9-то Интернационално уметничко биенале во Пекинг, што ќе се одржи од 18 јануари до 1 март 2022 година. Посочува дека Меѓународното уметничко биенале во Пекинг е настан кој традиционално се одржува, а оваа година сегмент од уметничкиот дел на одбележувањето на Зимските олимписки игри.

– Моето дело „Копнеж“ беше избрано во строгиот селекциски процес од неколку селекциони нивоа. За мене претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од ваква значајна манифестација. Делото ми беше понудено да го оставам во трајната колекција на биеналето, што ќе остави траен белег на ова остварување и уметничко претставување, мое и на мојата земја, вели Смилков.

Инаку, скулптурата „Копнеж“ е изработена годинава од бронза. Смилков годинава во конкуренција на 78 уметници од 20 земји, ја освои Гран при наградата во Будва.

Би можело да ве интересира

„Panta rhei“ изложба на скулптури од Марјан Стојаноски

Ана Ололовска

Изложба на Слободан Милошески во КИЦ

Ана Ололовска

Во Прилеп изложба на скулптури за 50 години на Интернационалното студио за пластика во дрво

Ана Ололовска

„Проткаени сеќавања“ изложба на скулптури на Слободан Милошески во Софија

Ана Ололовска

„Детска фантазија“ – изложба на скулптури од Ненад Тонкин

Ана Ололовска

Во Гевгелија изложени скулптури од Дамјан Ѓуров

Ана Ололовска