Во Даут пашин амам вечер, во рамки на Скопско лето, гостува Културно-уметничкиот центар на Бугарија со концерт по повод 100 години од раѓањето на маестро Борис Христов.
Покрај басистот Пламен Бејков, последниот ученик на Христов, ќе настапат и Пламен Кумпиков и Александар Носиков, исто така басисти, како и пијанистката Борјана Ламбрева. На програмата се Верди, Мусоргски, Росини, Христов и Ненов.
По концертот ќе биде прикажан и видео записот за животот и делото на Борис Христов изработен од Елена Драгостинова.