„Скопско лето“: Денови на македонската фотографија и концерт на „Танец“

Од:

Во рамки на „Скопско лето“, вечер во Мултимедијалниот центар Мала станица ќе бидат отворени 52. Денови на македонската фотографија, кои ги организира Фотосојузот на Македонија, а на плоштадот „Филип Втори Македонски“ концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, насловен „Заечи  песно македонска“.

Ќе бидат изложени 118 фотографии од 61 автор, избрани на годинашниот конкурс на Фотосојузот на Македонија. На конкурсот учествуваа речиси сите фотоклубови од Македонија, како и многу независни автори, и  пристигнале вкупно 342 фотографии од 93 автори.

Сто и осумнаесетте се избрани од жири во состав: Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Драги Неделчевски и Дејан Гилески.

Гран-при наградата „Благој Дрнков“ и е доделена на Татјана Ранташа. Во категоријата „Колекција на фотографии“, прва награда доби Божидар Барлакоски, втора награда Владимир Арсовски, трета – Еџе Али, а дипломи добија Филип Филиповиќ и Дејан Колевски.

Во категоријата „Поединечна фотографија“ прва награда доби Трајче Тале Атанасовски, втора Филип Филиповиќ и трета Димитар Чунговски, а дипломи добија Филип Илиевски и Марија Јовановска.

Доделени се и награди во младинска категорија: Мики Николоски (прва награда) и  Ана Андонова и Ханис Багашов (диплома).

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022