„Скопје филм фестивал“ презакажан за во септември

Од:

„Скопје филм фестивал“ соопшти дека е променет терминот на одржување, односно 23-тото издание на овој фестивал наместо во април, годинава ќе се одржи од 9 до 17 септември.

Ова одложување, како што информираат организаторите, е во согласност со препораките од Министерството за здравство.

Во своето соопштение организаторите најавија дека се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“, која требаше да започне на 18 март годинава, а која Фестивалот ја организира во соработка со Кинотека на Северна Македонија.

За датумите на одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ јавноста дополнително ќе биде информирана.

Би можело да ве интересира

Со новиот филм на Гаспар Ное завршува 25-от Скопје филм фестивал

Ана Ололовска

Најновиот филм на Бандерас и Пенелопе Круз утре на Скопје филм фестивал

Ана Ололовска

„Смачено ми е од себе“ и промоција на книгата на Уневска, утре на Скопје филм фестивал

Ана Ололовска

25. издание на Скопје филм фестивал почнува со канскиот победник „Триаголник на тагата“ и изложба на плакати

Ана Ололовска

Годзила против Кинг Конг“ со рекордна заработка при пандемија

Вечер завршува 23. Скопје филм фестивал

Ана Ололовска