„Скопје 2014“ на туристички филмски фестивал во Загреб

Од:

Македонија ќе учествува со филмот „Скопје 2014“ на меѓународниот туристички филмски фестивал „Zagreb Tourfilm Festival“ кој ќе се одржува од денеска до 5 јули во Загреб. Македонскиот филм ќе биде во категоријата до две минути, во конкуренција од над 300 филмови.

Претседателка на жирито оваа година е Лела Крстевска, претседател на Стопанската комора за туризам на Македонија и генерален директор на туристичкиот комплекс „Радика резорт“ во село Леуново, Маврово.

Таа ќе го предводи жирито составено од познати  европски филмски работници: Лордан Зафрановиќ, режисер и професор по режија на ФАМУ во Чешка,  Ева Котус, директор на туристичкиот фестивал во Варшава и уредник на списанието „Филм, уметност и туризам”,  Горанка Грајф-Соро, режисер и член на филмското друштво на Хрватска, Бернардин Модриќ, коосновач и директор на „Истра филм“ и на Католичкиот фестивал.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он