Симеонов и Бојда со изложба во МКЦ

Од:

Во Младинскиот културен центар во сабота, 17-ти мај, од 20 часот се отвора изложбата на сликарите Владимир Симеонов и Менсур Бојда. Делата ќе бидат изложени 30 денови.

Поттикнат од наградената слика од Друштвото на ликовни уметници во Македонија (ДЛУМ), дел од „Мозаичарите од Стоби“, Симеонов продолжува да работи на оваа серија и прави уште седум нови слики, кои ги прикажува на оваа изложба. „Мозаичарите од Стоби“, „Прошетка низ Стоби“ и „Паунот од Стоби“ се трите серии, слични една на друга, кои Симеонов ги работи во последниве 4 до 5 години. Симеонов е роден во Кочани во 1985 година, завршува Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности во Скопје. Досега има реализирано тринаесет самостојни изложби. Во 2011 година е добитник на наградата „Петар Мазев“ од ДЛУМ.

Бојда на изложбата во МКЦ изложува седум слики. Делата, гледајќи ги како целина, претставуваат еден циклус кој ни ги прикажува интимните размислувања на авторот, кои за своја проблематика ги толкуваат доблестите и мааните на самиот човек во денешницата решавани како ликовни проблеми. Бојда има завршено Средно училиште за применета уметност во Скопје, а потоа на Академијата за ликовни уметности во Белград, прво во класата на Велизар Крстич, а потоа кај Слободан Роксандич на сликарскиот отсек.

Досега има седум самостојни изложби. Учесник е на повеќебројни групни изложби во земјата и надвор. Добитник е на наградата Константин Мазев за сликарство на мал формат во 2013. Одговорен е за изработка на насловните страници на македонскиот стрип „Фацизам“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска