„Си мижам и си работам“ – мост помеѓу македонскиот и турскиот театар

Од:

Театарската сезона во Македонија и Турција оваа година ја очекува нов проект кој претставува мост помеѓу македонската и турската театарска сцена – драмата „Си мижам и си работам“ од еден од најголемите турски драмски автори Халдун Танер. Претставата е поставена од независна театарска продукција, која веќе неколку месеци мошне амбициозно работи на подготовката на претставата.

Во нејзината подготовка учествуваат повеќе професионални актери од различни театри во Македонија, меѓу кои Влатко Илиевски, Един Јакуповиќ, Симона Спировска, Благој Веселинов, Биљана Јовановска, Аксел Мехмед, Буки Ибрахим и доајенот на турскиот театар Наџи Шабан.

За музичкиот дел, кој има активна улога во претставата, е задолжен Влатко Илиевски. Режисер на претставата е Зекир Сипахи. Директор на проектот е м-р Ивана Јарчевска, а продуценти се Петар Шимлеша и Един Јакуповиќ.

Драмата „Си мижам и си работам“ е еден од најиграните текстови на Танер. Тоа е сатирична комедија, пишувана во негов карактеристичен стил, како спој на традиционалното и модерно драмско писмо. Го раскажува животот на двајца другари, родени во исто маало, но со различен социјален статус, преку чии карактери и начин на живот се отсликува дисбалансот помеѓу луѓето кои ја експлоатираат државата и луѓето лојални на државата. Преку животното патешествие на овие два лика се следи и патот на Турција, од последните мигови на отоманското царство до седумдесетите години на мианатиот век, и се поставуваат прашањата за моралот, системот кој владее и животот на човекот во него.

Претставата е карактеристична по својата поставка, за која веќе постои голем интерес во турските медиуми и помеѓу театарски работници. Таа е замислена како патувачки театар, без сценографија во која се игра и со мали сценографски реквизити, но со моќни костими на доц. м-р Елена Вангеловска, кои имаат една од главните улоги во претставувањето на темата и суштината на драмата.

Премиерата на претставата се очекува да биде во почетокот на месец октомври и ќе се игра во театарот „Халдун Танер“, Истанбул, театар кој го носи името на овој голем турски автор. Предвидено е претставата да се игра низ сите театарски куќи во Македонија, Турција и на повеќе меѓународни фестивали, што го потврдува фактот дека овој проект достојно ќе ја претставува македонската култура во светот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ