Штипскиот универзитет ќе отвори Културен центар

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ќе отвори Културен центар, во кој ќе има оддели за музичка, ликовна уметност, а свое место ќе имаат филмот и театарот.

Проректорот за инвестиции при УГД-Штип, Кирил Барбареев вели дека сите студенти и професори кои се дел од хуманистичките науки ќе бидат креатори на академската културна сцена.

– Во рамки на универзитетскиот Културен центар планирано е создавање на ликовно, оперско студио, потоа на академски хор, кој деновиве ќе биде промовиран, создавање на академски оркестар и создавање на студија од различен карактер, рече Барбареев.

Тој посочи дека во рамки на Културниот центар ќе биде и фестивалот „Култра“, кој почнува од оваа вечер во Мултимедијалниот центар. Во рамки на третото издание на фестивалот „Култра“ ќе се прикажат 30 проекции на краток фил и неколку театарски претстави.

Би можело да ве интересира

Акуо го предводи одржливиот развој: Одржана работилница за зелена енергија во Штип

A1on

Изгоре кровната конструкција на куќа во Штип

Почувствуван земјотрес во Штип и околината

Со закани изнудиле 500 евра, запалиле автомобил – притвор за двајца штипјани

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Со „југо“ удрил во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот