Шпанска вечер на „Охридско лето“ со Еугенија Боикс и Ана Ферер

Од:

Четиринаесеттиот ден од 58-мото издание на Фестивалот „Охридско лето“ резервиран за шпанска вечер и настапот на сопранот Еугенија Боикс во пијано придружба на Ана Ферер.

Еугенија Боикс своето музичко образование го започнува во родниот град Монзон, Шпанија. Дипломира на Конзерваториумот за музика на Саламанка, по што се запишува на постдипломски курс по пеење во Школата за музика на Каталонија и магистерски музички студии на Кралскиот конзерваториум во Брисел. Во текот на својата кариера Боикс настапувала во повеќе оперски куќи со врвни оркестри, под диригентската палка на еминентни диригенти од светот.

Во нејзиниот репертоар покрај оперите, често може да се сретнат и ораториуми. Настапува и како камерен музичар со голем број познати изведувачи и ансамбли во Франција, Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Русија, Полска и Америка. Има направено и снимки за повеќе радија во Шпанија и надвор од неа, меѓу кои и Националното радио на Шпанија, португалски и австриски радиостаници за класична музика, БиБиСи и телевизијата „Медичи“.

Пијанистката Ана Ферер е родена во Жирона, Шпанија, во познато музичко семејство. Пијано и камерна музика изучувала на Конзерваториумот во Жирона и Барселона, дипломирајќи со највисоките оценки и бројни награди. Музицирањето продолжува да го усовршува кај Емануел Ферер, Роберто Браво, Едит Фишер, Пол Бадура-Скода и Луиз де Мура Кастро.

Ферер редовно настапува како камерен музичар во состави со признати музички уметници, но не ја запоставува ни својата солистичка дејност, соработувајќи притоа со различни оркестри во повеќе земји во светот. Има направено снимки за радио и телевизиски станици, а често издава и компакт-дискови за германските издавачки компании „Ламбдома“ и „Гудлајф Рекордс“. Истовремено води и одлична педагошка дејност на Конзерваториумот во Жирона, каде веќе 12 години го води одделот за пијано и камерна музика.

На концертот во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот на програмата се избрани песни на композиторите Енрике Гранадос, Фредерико Момпу, Хоакин Турина, Мануел де Фаља, Пабло Луна и Франциско Асењо Барбиери.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма