На „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Музејот на македонската борба ќе биде изведен концерт насловен „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“.
Ќе настапат Даница Стојанова, Нита Груби, Бобан Мирковски и Сара Кесковска.
Концертот ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за одржување настани и влезниците ќе бидат во ограничен број.