Шести „Виолин фест“ – фестивал на млади виолинисти

Од:

Во камерната сала на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе се одржи шестото издание на Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“.

На ревијалниот концерт ќе настапат млади и талентирани виолинисти од музичките училишта од Скопје, Штип, Кочани, Прилеп и Косово, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тие ќе изведат композиции од Вивалди, Крајслер, Равел, Сарасате, Ваксман…

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е Владимир Костов, виолинист и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, чија идеја е на едно место да се презентира талентот на младите виолинисти од цела Македонија.

– „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик, соопшти Филхармонијата.

Оваа година младите виолинисти на сцената ќе бидат придружени од пијанистката Марија Вршкова.

Фестивалот се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија и Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска