Шести Фестивал за слика и филм за деца и млади „Буф“

Од:

Шестиот Фестивал за слика и филм за деца и млади „Буф“ ќе биде одржан од утре до 26 април во Кинотека на Мекедонија.

Организатори се Гете-институтот во Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија, кои најавуваат прикажување висококвалитетни германски филмови за деца и млади. Ќе бидат прикажани анимираниот филм „Спасете го Рафи“, авантуристичката комедија „Офлајн–животот не е бонус ниво“,„Тајната на сафирот“, „Сам против времето“ и „Рики“.

– Оваа година во преден план е темата за авантурите и предизвиците. Направивме возбудлив микс од филмови за деца и млади и скоро сите се одликувани со предикатот „посебно вредни“ од страна на германската сојузна комисија за вреднување на филмови и медиуми, соопштија организаторите.

На годишниот натпревар учениците треба да споделат со PASCH-заедницата слики или кратки видеа со актуелниот хаштаг во врска со темата на месец април. Тројцата уечесници со најмногу лајкови ги очекуваат вредни награди како јазични испити на Гете-институт и други подароци. За наставниците ќе се одржи дводневна обука на тема „Филмови во наставата по германски јазик“. Референтката и наставничка Кристл Рајсенбергер ќе покаже како употребата на филмови може да ги мотивира учениците и дека нуди и многу дидактички можности за настава, која е ориентирана кон учениците и активнотото учење.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ