Шеста самостојна изложба на Марија Сотировска

Од:

Вечерва во Чифте амам, со почеток во 20,30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Марија Сотировска Богдановска под наслов „Условен круг“.

Изложбата под наслов „Условен круг“ е нејзина шеста самостојна изложба, а учествувала на бројни значајни групни претставувања во Македонија и во странство. Исто така, во рамките на уметничките групи АРТ И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. И МОМИ има реализирано повеќе презентации во и вон земјава.

Од текстот за изложбата на Маја Чанкуловска-Михајловска:

„Изложбата Условен круг на Марија Сотировска-Богдановска формално се состои од четири одвоени целини низ кои е претставена интимна приказна што допира до привидот и до содржината на различните социјални, општествени и родови системи на вредности…. Цикличното повторување на нашето постоење, категориите време и простор, перцептивното и визуелното се повторно присутни и во најновиот проект Условен круг, со вметнување нов елемент – везот, кој со својата директна релација со народниот вез и со женскиот принцип во традицијата ја почнува и ја завршува целата родова приказна на кружна условеност. …

sotirovskaIzlozba

Кај Сотировска доминираат нетрадиционална везбена орнаментика и геометриски мотиви во повеќе бои и нијанси; авторката осовременувајќи ја оваа вештина, го видоизменува и благо го иронизира овој значаен облековен елемент во одредувањето на општествениот, економскиот и родов статус на носителот. … Како и досега, комплексноста на оваа навидум едноставна приказна се исчитува не само во третманот на сите набројани елементи, туку и во нивната функционална поставеност – овие интимни ситуации, изложени пред очите на јавноста, добиваат својство на исповед, но и на непрестајно преиспитување и критика на родово-социјалните-општествени позиции.

И повторно, делото конечно цели кон ослободување од конзервативните традиционални општествени влијанија и сугерира отфрлање на стегите, стереотипите и лажните морални обележја на културната историја и културниот идентитет, кои условно се наследени од општествената поддреденост…. “

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска