Шест претстави во конкуренција на 16. Фестивал на античка драма „Стоби“

Од:

На сцената во Велешкиот театар од 13-ти до 21 октомври ќе се одржува 16. Фестивал на античка драма „Стоби“ кој го организира Здружението на граѓани ФАД „Стоби“ под покровителство на Општина Велес. Ќе бидат изведени осум претстави од кои шест, од Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија, се во конкуренција за наградите.

Фестивалот во петок во 20 часот ќе почне со претставата „Перикле“ на театарот од Шабац, Србија. Наредните денови публиката ќе може да ги види претставите: „Едип Тиранин“ на театарот „Стефан Киров“ од Бугарија; „Ништо без Трифолио“ на Народниот театар од Прилеп; „Шумата на моето дрво“ – проект на „Северно од Импакт“ и Народен театар Велес; „Медеја“ на Казачкиот театар на провинцијата Атирау од Казахстан и претставата „Филоктет/Медеја“ на Народниот театар на Западен Казахстан од Казахстан, која е направена специјално за овој фестивал.

Вон конкуренција на 17 октомври ќе биде изведена претставата „Животот е магичен круг“ на студентите од Универзитетот ЕСРА од Скопје, а на затворањето на 21 октомври Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Стјуардеси“.

И годинава претставите ќе се натпреваруваат за една од наградите на фестивалот – Гран-при за најдобра претстава, за најдобра режија и за најдобри машка и женска улога. Ќе ги оценува жири во состав: Ивана Јарчевска, театролог; Деан Дамјановски, режисер; и Кети Борисовска, актер.

Веќе трета година Фестивалот на античка драма „Стоби“ се одржува во затворен простор, во зградата на театарот во Велес, поради реновирањето на античкиот амфитетар во археолошкипот локалитет Стоби.

Претседателот на Здружението ФАД „Стоби“ Зоран Љутков на прес-конференција денеска најави дека идното лето фестивалот ќе биде вратен во локалитетот Стоби, каде што се одржуваше од 2001 до 2013 година.

– Бевме принудени три години да бидеме на нова привремена локација. Во разговорите со раководството со НУ „Стоби“ дојдовме до заклучок и време е фестивалот да се врати на отворено. Бидејќи голем дел од работите се готови, очекуваме да завршат до крајот на јуни идната година. Најдовме и нови локации во археолошкиот локалитет Стоби каде, исто така, ќе може да се играат претстави во рамки на фестивалот на античка драма „Стоби“, рече Љутков.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ