Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Од:

Нетфликс најде уште еден „crash“ од кој не може да се тргне погледот.

Овој пат се работи за фијаско поврзано со страницата за прељуба Ешли Медисон откако приватните информации на корисниците завршија на Интернет. Сајт за запознавање каде се активни само оние за кои „моногамијата се претвори во монотонија“.

Секако, документарниот филм Ashley Madison: Sex, Lies & Scandal е голем хит меѓу љубителите на овој тип сапунски опери, но проблемот е што освен што ги „храни“ оние кои сакаат да ѕирнат во туѓи приватни животи, документарецот и не нуди многу.

Иако се работи за канадска продукција, овој „хорор на прељубата“ кој е полош од вистинскиот хорор е во таков американски стил, а Ешли Медисон во своите почетоци профитираше токму од таквите луѓе и нивното морализирање.

Нивниот прв слоган беше „Животот е краток, имај афера“. ТВ станиците и информативните портали ширум Америка беа „професионално згрозени“ од аморалниот сајт, а секое неискрено „гадење“ само дополнително го зголемуваше бројот на корисници.

Овој документарец содржи и искрено интервју со влогер и неговата сопруга кои го „спасиле“ распаднатиот брак. Тука е и приказната за професор од теолошко училиште чиј живот бил уништен кога информацијата станала јавна, а последиците биле катастрофални.

Поранешните и сегашните сопственици на страницата зборуваат за сè на шега, иако оваа страница доведе до распад на многу бракови.

Би можело да ве интересира

Squid Game 2 за само 11 дена има 126 милиони прегледи

А1он

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Најпознатата измамничка од Нетфликс ќе се натпреварува во „Танц со ѕвездите“

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Се огласи демначката по која е снимана серијата: „Тој е лажго и психијатриски случај“

Предраг Петровиќ

Промената во врска со една од најпопуларните серии на Нетфликс предизвика големо незадоволство

Предраг Петровиќ