„Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна објавена на македонски

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави на книгата „Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна. Весникот „Њујорк тајмс“ го оцени овој роман како „просветлувачка приказна за страста и за предавството“. Истиот во 2011 година ја доби наградата „Писателски Комонвелт“ за најдобра книга. Преводот на македонски е на Калина Јанева.

Едријан Локхарт е психолог што бега од својот живот во Англија и доаѓа во Сиера Леоне, каде што почнува граѓанска војна. Тука мора да се бори со жештината, со нечистотијата, со правта, како и со тајните што ги крие оваа загадочна земја.

Сеќавање на љубовта е впечатлива книга за обичните луѓе во невообичаени околности, врвно реализирана и убаво напишана, стравотна и пријатна, непоколеблива и нежна, трогателна и инспиративна. Тоа е книга за четири животи што се преплетуваат; книга за пријателството, разбирањето, простувањето и за неизбришливите ефекти на минатото; за патувањата, соништата, загубата и за самата природа на љубовта. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Амината Форна (родена 1964) е британска писателка. Татко ѝ потекнувал од Сиера Леоне, а мајка ѝ е Шкотланѓанка. Студирала право. Досега објавила три романи. Десет години работела за „Би-би-си“, како новинарка и како авторка на документарци од областа на уметноста и на политиката. Членка е на Одборот на Кралскиот национален театар и на жирито на меѓународната Букерова награда во 2013 година. Предава креативно пишување.

Би можело да ве интересира

„За нас леб од 33 денари, за министрите плата од 1.800 евра“ – Протест на вработените во Министерството за култура

Орце Костов

Вработените од Министерството за култура на протест, бараат средба со министерот за финансии

Ана Ололовска

Протест на вработените од Министерството за култура за покачување на платите

Ана Ололовска

Реакција на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ на соопштението на Министерството за финансии

Ана Ололовска

Битолскиот суд забрани ископ од концесионерот на локалитетот Влахо во Новаци

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид да ја преиспита изградбата на објект во Лагадин, до конечната одлука таму да нема активности

Ана Ололовска