Седми ИТФ „Лица без маски“ од 12-ти до 17 септември

Од:

Мултимедијалната претстава „Плацебо“ на режисерката и корегорафка Ана Пампулова од Софија на 12 септември ќе го отвори седмиот Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“, кој ќе се одржува до 17 септември во Универзалната  сала.

– Фестивалската програма годинава ќе понуди исклучителни квалитетни театарски преформанси предводени од европската и македонската независна продукција. Ексклузивната програма на годинашното издание на фестивалот, во селекција на театарскиот режисер Игор Ивковиќ,  покрај гостувањето на европските независни театри, е зачинето со бројни македонски претстави, соопшти организаторот на ИТФ „Лица без маски“ – Независната продукција „Театар 007“.

Ќе гостуваат „Костелационе“ од Италија со претставата „Јас сум вода“, чешкиот театар „Континуо“ со „Соседи“ на режисерот Павел Штоурац,  „Арт и медија зона“ од Грција  со претставата „Исмини и Калипсо“ во режија на Ефи Мерваглоу, театарот „Лудум, Лудум“ од Белград со „Штом ќе се исполнат соништата, повеќе не можеш да живееш во нив“ во режија на Петар Ристовски. Во натпреварувачката програма на фестивалот годинава е и експресивниот буто танц на Васил Зафирчев, работен според книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димовски, која ќе биде промовирана на фестивалот. На програмата се и претставите „Три сестри“ на режисерката Теа Беговска, „Виктор и Викторија“ на режисерот Војо Цветановски, „Трансферату“ во режија на Софија Ристевска, на независниот „Интимен театар“ од Битола.

На последната вечер на фестивалот, 17 септември, ќе има мултимедијална промоција на книгата „Стрмоглаво кон височините“ на авторката Марта Маркоска, а во  чест на наградените претстави Независната продукција „Театар 007“ ќе ја изведе претставата „Ќелавата пејачка“ во режија на Игор Ивковиќ.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он