Седма Младинска керамичка работилница во село Вранештица

Од:

Во Вранештица викендов ќе се одржи седмата сесија на Младинската керамичка реботилница, чиј главен покровител е Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево. На работилницата ќе учествуваат ученици од три средни училишта и тоа ОСУ„ Мирко Милески“ и ОСУ „Дрита“ од Кичево и од Државното училиште за уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје.

-По седми пат викендов ќе се одржи Младинска керамичка работилница.Како и во претходните шест наврати така и годинава, целокупната активност ќе се одвиваат во работилницата на мајсторот керамичар Слободан Столески во село Вранештица.На годинешната работилница ќе земат учество ученици од три средни училишта од земјава,две од градот домаќин Кичево и од уметничкото училиште од Скопје.Во трите дена учениците под менторство на професорите Филип Фиданоски и Мирослав Крстески ќе творат во глина и ќе се воведуваат во тајните на изработка на керамички производи, вели Мазлам Османи, директор на Центарот за култура од Кичево покровиел на работилницата.

Оваа работилница со финансиски средства во износ од 150 000 денари ја поддржа и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Османи појасни дека дел од учениците кои годинава се дел од оваа работилница, зеле учество и на претходните работилници и самите се веќе охрабрени да седнат и на грнчарското колце и да создаваат производи од глина.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска