Се востановува нова награда за ликовните критичари

Од:

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во Македонија.

Конкурсот ќе резултира со избор на предлог за истражувачки проект, за што ќе биде доделена и награда во висина од 30.000 денари и за која ќе одлучува трочлено стручно жири.

-Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста кај нас.

Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции.

Оттука, наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал, велат од АИКА

Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Македонија повеќе од една година.

Конкурсот е отворен од 29 април 2014. и трае 30 дена од денот на неговото објавување.

Кандидатите треба да достават:

– опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора)

– CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето).

Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на октомври 2014., пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена.

Истражувањето ќе биде преведено на англиски јазик и ќе биде објавено на веб порталот на АИКА Македонија.

Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 20 јуни, 2014.

Материјалите треба да се испратат на следната адреса:

[email protected]

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска