„Сè што ни е заедничко“ – меѓународна изложба во МСУ

Од:

Во Музејот на современата уметност – вечер од 20 часот ќе биде отворена меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“, во која најголем број од учесниците се уметници од регионот. Куратори се Мира Гаќина и Јованка Попова.

МСУ соопшти дека изложбата ја адресира несигурноста во контекст на различни социјални, политички и културни амбиенти, поврзани со ранливоста и егзинстенцијалната непредвидливост.

– Во состојби на нестабилност, одредени популации и групи страдаат или се обесправени во нивните општествени констелации и стануваат изложени на симболични и материјални насилства што резултираат со конфликти, транзиции, ограничувања и злоупотреби на трудот, миграции и егзодуси, родови нееднаквости и неправди. Доколку општата несигурност го означува она што сите ние го споделуваме, но, исто така, она што нѐ разликува и нè одвојува од останатите, дали можеме да пронајдеме практики што се насочени кон заедничко добро или да изградиме наша заедничка акција?, наведува Музејот на современата уметност во најавата за изложбата.

Учесници од Македонија се: Жанета Вангели, Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Јане Чаловски, а покрај нив и Маја Бајевиќ, Ибро Хасановиќ и Шејла Камериќ од Босна и Херцеговина, Ана Адамовиќ и Билјана Џурџевиќ од Србија, Рената Пољак од Хрватска, Иштван Ист Хузјан од Словенија, Албан Муја и Флака Халити од Косово, Мариа Пападимитриу од Грција, Ахмет Огут од Турција и Анри Сала (Албанија/Франција).

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски