Се реставрира камбанаријата во „Св.Богородица Перивлепта“ – Охрид

Од:

Во согласност со Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година, во тек е реализацијата на проектот за непосредна заштита на камбанаријата во манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, која е донација од познатиот научник од светски рамки, Михајло Пупин, соопшти Министерството за култура.

Надлежната установа од областа на непосредната заштита, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, го изработи основниот проект за санациско-реставраторски зафати на објектот, кој подразбира промена на покривната конструкција и на покривниот покривач, како и превентивни мерки за санација на неговите фасади.

Административната процедура околу одобрувањето на проектот е при крај и се очекува почнување на работите во најскоро време. Во рамки на комплексот ќе продолжи и непосредната заштита на фрескоживописот во црквата „Св. Богородица Перивлепта“, а ќе се одвиваат работи за конзервација на манастирскиот конак, активности што се предвидени во Програмата на Владата на Република Македонија.

Манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ е лоциран во средиштето на старото охридско градско јадро, на возвишението Дебој. Најзначајно одредиште во рамки на комплексот е црквата посветена на Богородица Перивлепта со градежни и сликарски фази од XII до XIX век. Од нив, особено се издвојува фрескоансамблот создаден во духот на палеологовската ренесанса од врвните мајстори Михајло и Евтихиј, чиј потпис е евидентиран на дваесетина места на славното сликарско дело.

Црквата е позната и како „Нов Свети Климент“ бидејќи, по уривањето на црквата на Плаошник во XV век, моштите на св. Климент се чувале во оваа црква сé до 2002 година. Во рамки на комплексот се наоѓаат и: предметната камбанарија, манастирски конак, гробот на Григор Прличев, Галеријата на икони и Седиштето на Митрополијата – споменични единици кои се сведоци на времето во кое се создавани.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи