Се реконструира Театарот во Куманово

Од:

Во тек е реконструкција на кумановскиот театар, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Реконструкцијата ја опфаќа целата внатрешност на објектот и надворешната фасада. Градежните активности предвидуваат санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената, канцелариите, помошните простории и кабините за тон и светло.

– Средствата се обезбедени од Министерството за култура во вредност од десет милиони денари и според очекувањата и договорот со изведувачот предвидено е овој дел од работите да заврши до првото тримесечје на идната година-изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

Зградата на кумановскиот театар е стара речиси 70 години и ова е една од поинтензивните реконструкции. Надлежните од установата очекуваат до крајот на годинава, ресорното министерство да одвои дополнителни средства за идната година за втората фаза од целосната реконструкција.

Кумановскиот театар годишно продуцира околу десетина премиери на македонски и албански јазик. Во овој период сите премиери и репризи ќе се играат во салата на Центарот за култура, согласно здравствените протоколи.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“