Се реконструира дел од манастирскиот комплекс Зрзе, Прилепско

Од:

Во манастирскиот комплекс Зрзе, прилепско, во тек е реконструкцијата на североисточниот бедем на овој значаен споменик на културата, проект кој е поддржан од Министерството за култура  во рамките на програмата за заштита на културното наследство.

Во овој комплекс, кој во себе содржи напластени културно-историски и духовни содржини од најстарите времиња до денес, беше реализиран проектот за реконструкција на владичиниот конак. Во моментот во завршна фаза е реконструкцијата на монашкиот конак, во кој, според основниот проект, предвидена е работилница за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство.

Како што информираат од Министерството за култура, до крајот на годината предвидено е да биде реализиран и проектот за изведба на горна порта, како и партерно уредување на целиот комплекс, кој има исклучително значење за македонската културна и духовна историја.

Во изминатиот период во манастирскиот комплекс „Зрзе“ беа спроведени големи археолошки истражувања кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на 9 век во бигорната карпа и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од 4, 5 и 6 век.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски