Се подготвува прв мјузикл за деца во Македонија

Од:

Театарот за деца и младинци почнува подготовки за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева.

Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.

Во мјузиклот ќе учествуваат деца на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои умеат да пеат и имаат актерски талент. За таа цел ќе се организира аудиција на 21-ви, 22-ти и 23 септември во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“.

Би можело да ве интересира

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Јубилејна 250. изведба на претставата „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци

А1он

Премера на „Облак во мала кутија“ во Театарот за деца и младинци

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“

А1он

Театарот за деца и младинци донира влезници по повод Светскиот ден на детето

Наум Локоски

Театарот за деца и младинци освои две награди на Меѓународниот фестивал за кукларство во Подгорица

Наум Локоски