Јубилејна 250. изведба на претставата „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци

Од:

Претставата „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци во четврток ќе биде изведена по јубилеен 250 пат.

dobivaj vesti na viber

Премиерната изведба на претставата ЦРВЕНКАПА се случи на 07.12.2001 година. Автор на драматизацијата е Александар Поповиќ, кој создаде уникатна верзија на познатата бајка од Шарл Перо, а режијата е на Димитар Христов. Цели 20-на години, претставата ЦРВЕНКАПА едуцира, забавува и поучува илјадници дечиња и денес истата продолжува да ги радува детските срца и да ја пренесува пораката за победата на доброто, чесноста, искреноста и пожртвуваноста.

„Од почетоците до денес, актерката Ана Левајковиќ – Бошков, се појавува како единствената Црвенкапа која неуморно и со посебен актерски сензибилитет ја толкува истоимената улога. Заедно со неа, од почетоците до денес публиката има можност да ги гледа брилијантните улоги на Владимир Лазовски, кој го толкува забавниот Волк и Драган Довлев, во улогата на Ловецот. Во останатите улоги, низ 20-те години се појавија повеќемина актери. На пример улогата на Иванка, другарката на Црвенкапа, во првите години ја толкуваше Олгица Христовска, а денес таа е во изведба на Винета Дамческа – Мојаноска. Билјана Драгичевиќ – Пројковска, во првите години на животот на претставата ја толкуваше улогата на Мајката на Црвенкапа, а денес таа улога ја толкува Катарина Илиевска – Силјановска. Несомнено свој голем придонес во претставата имаше и Катерина Крстевска, која долги години го толкуваше ликот на Бабата, а денес таа чест ја има нашата колешка Марија Ѓорѓијовска. Покрај нив во претставата периодично играле и Изебела Новoтни, Благој Чорески, Жаклина Стевковска и Благица Трпковска.

На претставата работеа и Иван Ивановски, кој го направи преводот на текстот од српски јазик, заедно со посебните сонгови што се користат во истата. Сценографијата е на Живоин Трајановиќ, а костимите ги работеше Лира Грабул. Автор на музиката е Љупчо Мирковски, а кореограф е Сања Шутевска. Низ годините како инспициент на претставата беше Ѓурко Стојановски, а сега е во рацете на Ѓуро Дракулоски“, се наведува во соопштението на Театарот за деца и младинци.

Би можело да ве интересира

Премера на „Облак во мала кутија“ во Театарот за деца и младинци

Промовирана монографијата „30 години Театар за деца и младинци – Сон што трае“

А1он

Се подготвува прв мјузикл за деца во Македонија

Наум Локоски

Театарот за деца и младинци донира влезници по повод Светскиот ден на детето

Наум Локоски

Театарот за деца и младинци освои две награди на Меѓународниот фестивал за кукларство во Подгорица

Наум Локоски