Се отвора центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“

Од:

Утревечер, во 19 часот свечено ќе се отвори Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“.

Центарот има за цел да дејствува како културно-едукативен простор во кој ќе се стимулира уметничкиот израз, став и набој, посебно инсистирајќи на ангажирано учество на публиката како краен реципиент. Полето на интерес на Центарот е фокусирано на изведувачките, визуелните, аудиовизуелните уметности низ аспектите на глобалниот, мултидисциплинарен израз на создавање, претставување и интерпретација на современите уметнички форми.

Центарот преку промислувањето на уметноста како индивидуален, но и општествен и политички чин ќе влијае на средината и општеството како промотор на втемелувачките вредности на европоцентричната култура и традиција преку иновативни, критички уметнички опити.

На локален план ќе влијае на културната политика и на другите јавни политики кои се врзани со неа, ќе придонесува кон децентрализација на културата во Македонија и ќе воспоставува регионални културни сработки со земјите од Југоистична Европа,како и други сродни културно-уметнички и општествени контексти. Ќе придонесува кон развојот на интеркултурниот дијалог и негувањето на културната разноликост, ќе го јакне капацитетот на артистите на независната културна сцена, ќе ја унапредува едукацијата во областа на културата, ќе создава компетентна публика, ќе иницира стручни и научни истражувања во културата.

Центарот за образование култура и уметност „Данаил Станојески“ ќе се отвори со Промоција на книгата „Данаил Станојески (Семантички Македонец)“, промотор Проф.Д-р Лорета Георгиева – Јаковлева од Институт за македонска литература, и претседател на Центарот за култура и културолошки студии. Воедно ќе биде објавена и промовирана нацрт програмата, мисијата, целите и активностите на Центарот за 2015-2016.

На отворањето ќе земат збор и основачите на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ Доц.Д-р Александар Андовски и Доц.М-р Загорка Поп-Антоска Андовска и ќе ја промовираат нацрт програмата за 2015-2016, како и мисијата, целите и образовните активностите на Центарот.

Во состав на Центарот, во соработка со Универзитетот за аудио визуелни уметности ЕСРА ќе се организира првата Детска и младинска филмска академија, музичко ателје, и аниматорското студио.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ