Се истражуваше археолошкиот локалитет „Градот“ кај неготинско Горни Дисан

Од:

Директорот на Музејот во Неготино Ристе Марков денеска информира дека со средства на Министерството за култура се истражуваше археолошкиот локалитет „Градот“ кај неготинското село Горни Дисан, на неколку локации.

– Археолошкото истражување претставуваше активност одобрена и финансирана од Министерството за култура, како проект од национален интерес за оваа година со цел да се добијат релевантни податоци за значењето на локалитетот, а со тоа и неговиот потенцијал, кој би ги насочил истражувањата кон долгорочно планирање и систематско археолошко истражување, рече Марков.

Тој информира дека локалитетот се наоѓа 15 километри јужно од Неготино и претставува долга тераса, на рид кој се издига 80 метри над изворот на Дисанска река. Неговата надморска височина изнесува 780 метри. Локалитетот се истражувал на неколку локации. На првите три локации се истражувал бедемот, а на четвртата, која се наоѓа во внатрешниот или северен дел на локалитетот, се истражувал простор на кој била затекната откриена групација на камења.

– Истражувањето на јужниот бедем покажа солидно градена фортификација со камен и малтер, со големи оштетувања по должината. Овде и јужната кула се дефинираше во целост, со што се покажа дека таа е прилепена од надворешната страна на бедемот. На позицијата југоисточен бедем исто така се откри дел од бедемот, како и кулата која исто како и предходната е прилепена од надворешната страна на бедемот, рече Марков.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска