Се евидентираат икониите и црковните книги во Кавадаречко и Росоманско

Од:

Се евидентира бројот на икони и црковни книги во верските објекти во кавадаречко и росоманско, за да се види за колку е намален овој број од нивниот попис во 1968 година, информираше денеска советникот историчар  Петре Камчевски, директор на музејот во Кавадарци.

Евидентирањето е во рамки на проект на Министерството за култура.

– Активностите се всушност во рамки на проектот кој го спроведуваме веќе трета година и ни остана да посетиме само уште неколку села. Во низинските села во кои што има народ  како што се Марена, Глишиќ или Сопот, бројот на икони и црковни книги е речиси идентичен. Загрижува состојбата во риско планинските населени места каде што нема физичко обезбедување и живеат само по еден или двајца луѓе. Такви се селата Праведник и Галиште и други во кои фалат неколку икони и црковни книги. Загрижувачки е и во испустените села Драдња, Радња и Гарниково каде верските објекти се разрушени па иконите и црковните книги се преместуваат од едно место на друго и тогаш грижата за нив е помала па може да се појават и проблеми, рече Камчевски.

Тој нагласи дека во минатото на овие простори претставници на разни други држави неповратно однеле од Тиквешијата вредни предмети од верските објекти.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски