Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ги објави имињата на победниците на меѓународниот стрип конкурс, кои ќе бидат врачени на 16-от по ред стрип салон „ВЕЛЕС 2018“ што ќе се одржи на 12 октомври во Велес.
Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, во конкуренција за наградите пристигнале 185 стрипа од повеќе земји во светот.
Првата награда насловена “ЗЛАТЕН СТРИП“ за стрипот „Влез во харем“ ќе биде доделена на Алекса Гајиќ за цртеж и колор, и Марко Стојановиќ за сценарио.
Алекса Гајиќ (44) е познат српски стрип автор, илустратор, режисер и аниматор од Белград. Најпознат е по својот стрип „Технотајз“.
Марко Стојановиќ (40) од Лесковац е познат српски сценарист, цртач, публицист и преведувач.
Второто место е за стрипот „Сатир“ на Владимир Кузманов (САД) –цртеж, Катрин Месар (САД) сценарио и Владимир Попов (Србија) –колор и летеринг
Третото место е за стрипот „THE MURK”на Фернандо Соса од Аргентина
Воедно СЦМ-Велес по традиција и годинава ќе врачи и други востановени награди:
Награда за уметнички израз „Лична карта“ на Душан Гачиќ
Награда за сценарио: Предраг Ѓуриќ од Србија за стрипот „Љубовта е во воздухот“
Награда од Стрип центар на Македонија “Кентаур“ –Дражен Бркиќ од Хрватска и „Експеримент“-Катлин Краловец од САД.
Награда за највозрасен учесник: на 84 годишниот Богдан Николиќ од Скопје за стрипот „Колку се вредни старите луѓе“
Најдобар стрип на автор до 14 години, за стрипот „Мојот сон“ од Јана Бутеска од Скопје
Најдобар стрип на автор до 18 години за стрипот „Збогум“ од Мина Гајтановиќ од Нови Пазар
Најдобар дебитантски стрип :„Лош сон“ од Јана Илиевска од Скопје
Најмлад учесник: Ива Цветковиќ 7 години од Лесковац, Србија
Воедно на Игор Стевковски-Стевац од Скопје СЦМ-Велес ќе му го врачи годинешното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип, именувано по прерано починатиот Љупчо Филипов.