​Сашко Коцев, Тино и Атанас овој викенд на „Гола Месечина“ во Аеродром

Од:

Првите денови од летото, носат раздвиженост, масовна посетеност и нова културна енергија во Аеродром. Годинешното културно лето во нашата општина е збогатено со овој традиционален настан кој општина Аеродром ги организира во соработка со Театар Комедија. Богатата програма на „Гола Месечина“ оваа година вклучува пет различни сценски изведби, распоредени во пет различни денови информираат од Општина Аеродром.

– Општина Аеродром е првата и единствена општина во Скопје која на ваков начин креира нови и бесплатни културни и забавни содржини за граѓаните, ја промовира и дава поддршка на културата. Во рамките на првите два дена аеродромци имаа можност да ги проследат театарските претстави „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ – гостување на театар од Република Србија и вчерашната претстава на „Импров група Скопје“. На програмата за денес е стенд-ап изведбата на популарниот Сашко Коцев, а во сабота и недела граѓаните ќе можат да ги проследат Театар провокација со претставата „Разведи ме“, како и стенд-ап изведбата на популарните Тино и Атанас. Театарските претстави се изведуваат на фудбалското игралиште во „Реонски центар“, во непосредна близина на ООУ „Александар Македонски“ и тие започнуваат од 21 часот, а влезот е бесплатен. Остануваат уште три дена од годинешната „Гола Месечина“, ги покануваме граѓаните да дојдат навреме и да го обезбедат своето место за комичните изведби кои преостануваат до крајот на фестивалот, се вели во соопштението од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Успешно заврши осмото издание на „Гола месечина“

Ана Ололовска

Со премиерата „Грдиот“ вечер почнува „Гола месечина“

Ана Ололовска

Од среда до недела фестивал на комедијата „Гола месечина“

А1он

Отворен Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска

Почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Ана Ололовска