„Сапунена фантазија“ на Коле Китанов во КИЦ на РСМ во Софија

Од:

Шоу-спектаклот „Сапунена фантазија“ на Коле Китанов ќе биде претставен денеска во Културно-информативен центар на Северна Македонија во Софија.

Од Културно-информативен центар посочуваат дека „Сапунена фантазија“ е шоу спектакл во стилот на класичните кловновски точки и апсурди.

-Меурите од сапуница секогаш биле и ќе бидат неверојатна игра за помалите и еден магичен феномен за возрасните. Уште повеќе кога ги надминуваат нашите очекувања. Со многу хумор, интеракција и професионализам, меурите од сапуница прават чуда. Квадратни меури, меури со дим, со оган, меури долги и шарени како виножито и за крај – човек затворен во меур од сапуница. Сето ова и уште повеќе изненадувања го прават овој шоу спектакл, како едно вселенско патување наречено Сапунена фантазија, најавуваат од КИЦ.

Како што потенцираат, местата за претставата се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале.

Коле Китанов е од Струмица. Во 2012 година аплицира и започнува студии во Националната Академија за Театар и Кино во Софија, каде сега живее и работи. Тој е еден од основачите на добро познат, меѓу детската публика во Бугарија, куклен театар Мале-мале.

Куклен театар Мале-мале постои од 2013 година и создава авторски и класични детски пиеси во стилот и средствата на куклениот театар. Неговиот театар е домаќин и на неговата дипломска претстава „Историја за разбојници“ од Карел Чапек и „Сапунена фантазија“ што е негов авторски шоу-спектакл со огромни сапунени балони.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија