„Самоуки“ – изложба на неакадемски уметници во Куманово

Од:

Изложба „Самоуки“ од неакадемски уметници од Куманово ќе биде отворена вечер во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Годинава на изложбата ќе учествуваат 18 автори со 40-ина дела работени во различни техники – масло на платно, акрил, скулптури, дрворези.

Роберт Цветковски, историчар на уметноста во Центарот за култура, рече дека авторите имаа своја концепција. Оваа изложба во Куманово, рече тој, се организира од 1991 година, а неакадемските уметници се пријавуваат на отворен конкурс со свои дела.

По паузата од 2012 до 2017 година, традиционалната ликовна манифестација „Самоуки“ повторно ќе биде претставена пред љубителите на визуелните уметности.

Покрај Куманово, ќе биде презентирана и пред публиката во други градови од Македонија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска