Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Владимир Георгиевски насловена како „Пасја по Дон Кихот – Слики картони акварели“.
Изложбата е посветена на дон Мигуел Сервантес 1616-2016, а ќе ја отвори Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни студии ЕСРА. Се одржува со поддршка на Амбасадата на Шпанија во Скопје и Асоцијацијата за култура ИКОН.