Во Културно информативниот центар во Скопје, синоќа беше отворена 14-тата самостојна изложба на гостиварскиот сликар Башким Меџити. Пред публиката тој се претстави со триесетина слики од последниот творечки циклус насловен „Временски димензии”, работен во последните две години.
– Традиционалното и универзалното се два суштински концепти кои венерираат во неговиот опус, концепти кои што вешто се усогласуваат како од фигуративна, така и од колористичка смисла. Неговите слики, на прв поглед изгледаат неконтролирани, боите како да се расфрлени, но позадината е полна со симболи и метафори на хармонија и дисхармонија, рече професорката по историја на уметност Јелдез Асани, на отворање во галеријата Имеријал 1 на КИЦ во Скопје.
На отварањето зборуваше и Мифтар Мемети деканот на факултетот на уметности при ДТУ, кој истакна овој уметник не е само одличен сликар, туку и истакнат скулптор, цртач и графичар.
Башким Меџити од 1994 година работи на Факултетот на уметности при ДУТ, каде што од 2013 е вонреден професор по предметот Вечерен акт. Покрај 14-те самостојни изложби, учествувал во многубројни групни изложби и уметнички колонии во земјата и во светот.