Самостојна изложба на Милан Андов во галеријата на МКЦ

Од:

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Милан Андов, кој ќе се претстави со дваесетина дела.

Во нив, како што соопшти МКЦ, авторот го согледува изразот на ликот под тензичен притисок и таа тенденција успешно ја остварува.

– Во ликовите на Милан Андов едното око е отворено, а другото е слепо или очите се значително дислоцирани, но во рамки на интегрирачките елементи на ликот, а не на телото, како во сликите на надреалистите. Нему му се поблиски примерите на Џакомети или Бејкон, меѓутоа со внесување лични црти на вознемиреност. Милан Андов мисли и црта со прецизност која не е студена туку открива халуцинантни состојби и изразни посебности, пишува, меѓу другото, ликовниот критичар Владимир Величковски во каталогот за изложбата.

Милан Андов (1974) студирал графика и графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.  Неговата изложба во МКЦ ќе биде отворена до 22 април.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска