Самостојна изложба на Љубица Мешкова-Солак во Софија

Од:

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер во 18.30 часот ќе биде отворена изложба на дела од македонската уметница Љубица Мешкова-Солак, која пред бугарската публика ќе го претстави својот најнов уметнички опус.

Насловена е „Конвергенција” и е прва самостојна изложба на Мешкова-Солак во Софија и дел од годишната програма на КИЦ на РМ во Софија за 2017 година.

Љубица Мешкова-Солак дипломирала на отсекот графика со конзервација и реставрација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и твори во Битола. Има остварено голем број самостојни изложби низ Македонија, но и во Берлин и Париз, а во соработка со британскиот моден бренд Хакет изложува во Дубаи, Катар, Кувајт, Бахреин.

Има остварено студиски патувања во Атина, Фиренца, Букурешт, Ерусалим, Љубљана и Париз, учествувала на бројни групни изложби во Бугарија, Романија, Србија, Словенија, Шпанија, Франција, Грција, Австрија. Добитник е на значајни ликовни награди. Во 2008 година го доби признанието за ликовно остварување „Борислав Траиковски”, а во 2013 година – наградата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски