Во Галеријата АРТЕ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба „Импресии“ на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов.
На изложбата ќе бидат претставени дваесетина уметнички дела на авторот изработени во техника масло на платно.
Стефан Хаџи-Николов е годинашен добитник на државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.
Роден е во Скопје (1955), член на ДЛУМ од 1984 година, добитник на повеќе награди, а има учество и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и странство.