Во галеријата „Венеција“ во Виница е отворена 10-тата самостојна изложба „Меѓуодноси“ на Иво Пецов, ликовен уметник од Виница.
На изложбата се поставени слики работени во техниките акрилик на хартија и масло на платно.
– Изложбата е составена од слики во кои преовладуваат темите „Меѓуодноси“ и „Нетрајно’. На сликите, светлите бои евидентно се менуваат со темни нијанси, но сепак сме осамени втурнати во вителот на бесмислен натпревар во кој победува алчноста која не одалечува од сопствената суштина, истакна промоторот Орце Павлов, професор по литература од Виница.
Изложбата е проект поддржан од Министерството за култура и Здружението на уметници „УМ“ од Виница и ќе биде отворена до 9 јануари.
Пецов е доктор по ѕидно сликарство, а живее и работи во Софија во Културно-информативниот центар на Република Македонија.