Самостојна изложба на Горан Јованов во Гевгелија

Од:

Самостојна изложба на графики на ликовниот уметник Горан Јованов вечер ќе биде отворена во галеријата „Амам“ во Гевгелија. Пред уметничките кругови, критичари и вљубеници во уметноста Јованов се претставува со 30-тина дела графики, изработени во класична и дигитална графика.

Според него, дигиталната графика во денешно време е се почесто користен медиум од страна на креативци, дизајнери и уметници.

Ликовниот уметник и професор Тони Васиќ, кој го следи творештвото на Јованов од неговите почетоци како студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје до денес како активен и вреден чинител на ликовната сцена, смета дека тој оправдано го заслужува насловот мајстор на графиката – особено на длабокиот печат.

Горан Јованов магистрирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје на отсекот графика под менторство на проф. Димитар Малиданов. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби, учествувал на повеќе ликовни колонии и работилници и добитник е на повеќе награди во Македонија и во странство.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски