Самостојна изложба на Бурџу Мусли во МКЦ

Од:

Визуелната уметница и апсолвентка на Факултетот за ликовни уметности (сликарски оддел) Бурџу Мусли вечерва во МКЦ ќе се претстави со надреалистички арт-колажи, кои за прв пат ќе бидат изложени. Изложбата, насловена „Purgatory“, ќе биде отворена во 20 часот во Галерија 2.

Дваест и тригодишната Мусли има учествувано на неколку групни изложби со нејзините слики, на една меѓународна изложба за млади уметници – Art 52nd Street (New York – 2019) со арт-колаж, и една самостојна изложба, исто така со арт-колажи.

-Мусли, кога станува збор за визуелна претстава секогаш е по „алтернативното“, маргиналното, бидејќи смета дека тоа ѝ дава побогат животен стил. Нејзините сетила за визуелност секогаш се отворени за невообичаеното. Со самото име на изложбата, таа има уникатна дефиниција за што точно се обидува да пренесе од нејзиниот внатрешен свет преку ова име. Токму и тоа ѝ е целта, да постигне што е можно повеќе да ги ослободи нејзините гости од сивилото на зафатениот и преокупиран живот, велат од МКЦ, со надеж дека по изложбата ќе се „исчистат“ сите негативни размислувања и ќе се почувствува слободата.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска