Самостојна изложба на Билјана Билбилоска – „Фрагменти“

Од:

Утре, на 30.05.2023, во малиот салон на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“, Скопје, во 20 часот, ќе се отвори самостојна изложба насловена „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника.

Тематски изложбата ги преиспитува основните ликовни принципи и постулати.

Оваа изложба го раскажува наративот на формализмот во уметноста на еден современ начин, го владее реконструирањето на взаемните комуникации на боите и формите, и нивното меѓусебно влијание. Прашањата кои ќе ги постави, исто така, гравитираат околу тоа колку формата ја одредува бојата и во која мера бојата ја менува формата, ги преиспитува границите на полнотата на боите и нивната промена и минливост предизвикана од поставувањето на бојата во рамките на обликот и на линијата.

Изложбата „Фрагменти“ е поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија.

Изложбата ќе трае десет дена.

Би можело да ве интересира

Вечерва изложба на Ферди Булут во КИЦ Битола

Горан Наумовски

Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Изложба на Тања Балаќ

Изложба на Киро Урдин во Букурешт

Отворена изложбата на дигитални слики Особеност на Игор Поп Трајков

Изложба на дела од сликарот Родољуб Атанасов