Самостојна изложба на академскиот графичар и графички дизајнер, Дарко Аницин – „Личен печат“

Од:

В петок со почеток од 20 часот, се отвара самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин, под наслов „Личен печат“.

Изложбата „Личен печат“ ќе се одржи во Музеј на Град Скопје, во Графичко студио.

На изложбата Аницин се претставува со 16 акрилни цртежи, групирани во три различни димензии. Дел од делата се самостојни а дел од нив се групирани во диптих и триптих.
За неговото создаваштво, Атанс Ботев, раководителот на Графичко студио, вели: „При првичната средбасо цртежите на Дарко Аницин се наметнува впечатокот дека станува збор за отпечатени графички листови. Таквиот впечаток е сосема логиченако се земе предвид дека Аницин е графичар по вокација. Графичкото искуство го применил и во своите цртежи, особено во третманот на валерските односи (суптилноста и мекоста на сивите тонови потсетува на етканица) коишто во спрега со жестоко изразеното кјарокурско образуваат фина органска целина. Беспрекорно чистите маргини со коишто се „врамени“ цртежите, укажуваат на дисциплинарност и педантност – основен императив за бавење со графика.

Неговиот авторски израз евкоренет во долгогодишната традиција на апстрактната уметност, поточно акционото сликарство (action painting) и јапонската калиграфија. Усвојувајќи ја гестуалната сликарска постапка на Франц Клајн (широки црни потези на бела површина) и Џексон Полок (dripping) авторот креира истовремено спонтани и експресивни цртежи во коишто ги проектира своите емоции, активирајќи ги при тоа потсвесните содржини на меморијата и извесни центри во себе во коишто е наталожено сето негово искуство кое што ретроспективно се протега дури до најраното детство – фаза во којашто секое дете низ цртеж го конкретизира своето доживување на светот околу себе. Како и многумина други уметници, Аницин е фасциниран од непосредноста на детските цртежи (поттик за своето творештво меѓудругото наоѓа и во цртежите на својата ќерка) кои отсекогаш претставувале идеал, ултимативен изблик на чиста, неповторлива креација.“

Дарко Аницин е роден 1977 година во Скопје. Аницин е академски графичар и дизајнер. Своето образование го стекнал во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ па на факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.

Создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес.

Тој има современ, специфичен стил на творење со истакнати и рафинирани визуелни поентирања, што од прва рака говори за неговиот графичарски манир на прецизност, чиста и јасна мисла и длабок квалитет на академски уметнички израз.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска