Самостојна изложба на Африм Спахиу во Чифте амам

Од:

Во организација на Националната галерија (НГМ), вечер во 19 часот во Чифте амам ќе биде отворена изложба на уметникот Африм Спахиу (1951), кој е роден во Дебар, а живее и работи во Приштина.

-Спахиу е исклучително значаен автор за историјата на македонската уметност, основоположник во сферата на современиот балкански филм – директор на фотографија и истакнат фотограф во регионот со редица самостојни изложби во значајни галериски простори во регионот и пошироко. Oва е негова прва голема презентација во Македонија, каде ќе бидат изложени дела од изминатите речиси педесетина години од неговото творештво. Неговиот опус опфаќа широк дијапазон на тематски преокупации, диверзни технички пристапи и идејни цели на реализација на осетливата светлина на хартијата, соопшти НГМ за изложбата на Спахиу која ќе може да се посети до 4 мај.

Африм Спахиу е професор, фотограф и продуцент. Дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија на Универзитетот во Загреб. Работел во Радио-телевизија Приштина и како директор на фотографија во „Косовафилм“.

Директор на фотографија е на повеќе од 15 филмови од 1977 година до денес и е добитник на неколку награди.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска