Самостојна изложба на Афердита Кики во Тетово

Од:

Со самостојна изложба на уметнички слики и скулптури во Уметничката галерија пред тетовската публика се претставува Афердита Кики. Вечерва во изложбениот простор на Галеријата се одржа свечено отворање на изложбата.

-Изложени се 15 дела во комбинирани техники, слики со употребна други материјали како дрво. Ова е трето претставување на авторката во Тетово по изложбите во 2009 и 2018 година, информираа од Галеријата.

Афердита Кики е родена 1971 во Германија, а живее и работи во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Тетово во класата на Тахир Емра. Досега имала девет самостојни и повеќе групни изложби. Добитник е на награда за творештво од организацијата Полио Плус и наградата „Мое перо“.

Би можело да ве интересира

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски