Саемот на книгата кој се одржа на отворено го посетиле 20.000 луѓе

Од:

Саемот на книга оваа година го посетија 20.000 посетители кои максимално ги почитуваа сите протоколи за спречување на ширење на коронавирусот. На саемот оваа година се претставија македонските издавачки куќи, а во рамките на сите саемски денови беа организирани 32 промоции на нови изданија од страна на македонските издавачи. За време на саемот се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

„Им се заблагодаруваме на сите изложувачи и посетители за доследното почитување на мерките за безбедност во време на пандемија. На некој начин сите помогнаа во одличната и безбедна организација на настанот. Овој концепт на саеми, користејќи ги капацитетите на A1 арена С.Ц. Борис Трајковски – се покажа како успешен, со оглед на комплетната инфраструктура со која располага центарот“. Истовремено најавуваме и организација на други настани и саеми, согласно сите протоколи на организација“– изјави Сања Кондарко – Оперативен директор на Саем на книга.

Саемот е организиран од страна на Глобал Медиа Гроуп, и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како културна манифестација.

Global Media Group e официјален застапник на TIF – Helexpo (Солунски саем) за Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга