Саемот на книга со продолжено работно време во петок и сабота

Од:

Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време денеска и утре.

Работното време за петок е од 10:00 до 21:00 часот, а за сабота е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.

Со цел да се избегнат гужвите на билетарите организаторите потсетуават дека билет за Саем на книга можат да се купи преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга