Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Од:

Скопски саем потсетува дека 35. Меѓународен саем на книгата, поддржан од Министерството за култура, ќе се одржува од 4 до 10 мај 2023 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во пресрет на отворањето на саемската манифестација, Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) изјави дека целта и на годинашното издание на Саемот на книга е да се создаваат сѐ подобри можности и форми за промоција на читањето книги – и за поновите, и за постарите генерации, преку саемските понуди на бројните издавачки куќи.

– Главната причина зошто овој саем е можеби најомилениот на национално ниво е токму љубовта кон пишаниот збор и константниот пристап кон подобрување на условите секоја година при овозможувањето на оваа специјална саемска платформа, којашто го негува овој вид културно наследство во државата и пошироко. Овој седумдневен настан е можност да се прикаже соодветно богатата литературна традиција, но и да се прослави различноста и креативноста на авторската мисла, вели Саздов.

Информации за Саемот на книга се достапни на веб-страницата на Скопски саем (www.skopskisaem.mk) и на @skopski.saem на Инстаграм и Skopski saem на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга

„Студентски саем на книгата“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Ана Ололовска