С. Македонија и Албанија вклучени во француски проект за заштита и вреднување на старите урбани јадра

Од:

Осум градови од земјава се дел од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра во Република Северна Македонија и во Албанија“, во организација на Асоцијацијата „Места и градови со исклучителни вредности во Франција“, која во 2020 година беше еден од победниците на конкурсот „Готов проект/Клуч на рака“ на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција.

Како што соопштија од Министерството за култура, во овој проект се вклучија 16 градови од трите држави, а покрај нашето Министерство, партнер е и Министерството за култура на Албанија, како и Асоцијацијата ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа), Асоцијацијата на архитектите на Македонија и професионалци и експерти за културно наследство и урбанизам од земјите учеснички.

-Станува збор за осум градови од Република Северна Македонија, и тоа: Битола, Охрид, Штип, Велес, Берово, Куманово, Кратово, Кавадарци. Од Франција се избрани шест градови: Ремс, Кале, Периге, Елбеф, Ла Реол, Болие-ле-Лош, додека од Албанија: Берат и Елбасан. Француските, македонските и албанските професионалци, со студиозен пристап, имаа можност преку видеоконференции да се запознаат со градовите и нивното архитектонско културно наследство, со правната регулатива што овозможува проучување и размена на искуства, во интерес на трите страни, се наведува во соопштението.

Со овој проект се предвидуваат конкретни резултати, односно готови производи, и тоа: инвентаризација на делови од архитектонското културно наследство во старите урбани јадра; изработка на сигналитика (информативна табла) која ќе овозможи преку текст, фотографии и цртежи на повеќе јазици, на посебно дизајнирани елементи на урбана опрема, да се прикаже културното наследство со вклучување на природното наследство, урбаниот пејзаж; медијација со избор на алатки и активности кои значително ќе му помогнат на населението во проширување на знаењата за вредностите и убавините на нивниот град и за отворање кон светот, стои во соопштението на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ